Саемот за храна „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна”, ќе се одржи на 8 ноември 2025 година од 11:00 часот во Градски парк, Скопје.
Настанот е организиран од здружението „Наша традиција, наша иднина” со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Министерот Цветан Трипуновски истакнува дека министерството е посветено на промоција на македонските земјоделски производи и нивни преработки, на нашето „Македонско најдобро”.
-Саемот за храна ќе понуди богат избор на свежо овошје и зеленчук, млечни производи, мед, преработки од овошје и зеленчук и вино, подготвени со внимание и љубов кон традицијата.
Настанот ќе биде збогатен со репертоар на познати музички изведувачи.
Ве поканувам да дојдете, секоја ваша поддршка е инвестиција во домашното производство, локалната економија и развојот на руралниот туризам.
Заедно да ја негуваме традицијата и да градиме поуспешна иднина за македонското земјоделство, порача Трипуновски.
Деск
Во Градски парк во сабота ќе се одржи саем за храна, ќе настапат и познати музичари
1 Min Read
Previous ArticleУченици и наставници од Скопје и Италија во посета на Собранието

