Орце Ѓорѓиевски и официјално е новиот градоначалник на Град Скопје, откако денес го доби уверението. На својата страница тој порача дека е благодарен на поддршката од граѓаните и дека ќе биде градоначалник на сите, без разлика на верска, национална, партиска или било каква припадност.
-Скопје, почитувани, го менуваме од корен!
Уште од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив.
А утре, започнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат.
Скопје ќе добие и нови проекти а дел од нив ги започнуваме во наредните денови – инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста – Скопје конечно ќе биде отворен град, истакна градоначалникот.
Деск
Ѓорѓиевски и официјално стана прв човек на Град Скопје, вети дека ќе го менува градот од корен
1 Min Read
Next Article На земјен пат пронајдено тело на 58-годишен маж

