51-годишен маж управувал со велосипед со 1,94 промили во алкохол во крвта, па завршил со тешки телесни повреди при судир со автомобил, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 15:40 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.,,Моински Пат” во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.П.(62) од Гевгелија и велосипед управуван од Г.Б.(51) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Гевгелија.
По извршените проверки констатирано е дека Г.Б. бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија, соопштија од полицијата.
Деск

