Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава на локалниот пат Кавадарци – Дреново, во која едно лице го изгубило животот. Според првичните информации, станува збор за маж од Дреново, роден 1971 година, кој управувал со трактор, кој се превртел.
Се очекуваат повеќе детали од Министерството за внатрешни работи во тек на ден.
Ова е втора тешка сообраќајна несреќа во изминативе два дена, во која животот го изгуби лице од Дреново.
Пред два дена се случи сообраќајка помеѓу две возила, во која починаа две лица од Дреново, а пет се здобија со тешки повреди.
Деск

