И оваа година, 59 члена на специјализираното жири од 23 земји, ја скрати листата на потенцијални кандидати за освојување на престижната награда – Car of the Year (Автомобил на годината) 2026 година.
Во листата на 7 финалисти се најдоа автомобилите:
Citroën C5 Aircross,
Dacia Bigster,
Fiat Grande Panda,
Kia EV4,
Mercedes-Benz CLA,
Renault 4 и
Skoda Elroq
Во оваа листа два производители на автомобили – Дачиа и Шкода, сеуште ја очекуваат својата прва награда од овој тип.
Од друга страна, имајќи предвид дека актуелен носител на оваа награда Автомобил на годината за 2025 година е Рено 5, а претходната 2024 година, титулата ја понесе Рено Сеник, ако и оваа година мнозинството гласови ги освои квалификуваниот Рено 4, тоа ќе биде трета победа на францускиот производител на автомобили.
Интересно е и тоа дека последен пат Мерцедес Бенз за последен пат се пласираше во оваа скратена листа во 2019 година со својата А класа, а титулата ја освои во далечната 1974 година.
За ВИКИМЕДИА, Зоран Дочински – Темпо мк

