По рекордно распродадениот прв концерт од најавената GOAT TOUR, Jala Brat и Buba Corelli на 28-ми ноември на барање на македонската публика закажуваат втор концерт во СЦ „Јане Сандански“, информираат од ПР тимот на музичарите.
-Jala Brat и Buba Correli се подготвени за уште еден музички спектакл, затоа подгответе се за неверојатен старт на „GOAT TOUR“! На 28 ноември, во СЦ „Јане Сандански“, регионалните икони на модерната музика Jala Brat и Buba Corelli ќе приредат уште едно аудиовизуелно шоу што ќе ги помести сите граници и ќе ја крене македонската публика на нозе!
Датумот е 28-ми ноември, во СЦ „Јане Сандански“, Скопје, вратите се отвораат во 19:30, а шоуто стартува во 21:00 часот.
Со години на врвот на балканската сцена, со безброј хитови и милионски прегледи, Jala и Buba спектакуларно, со два СКОПСКИ концерти ја стартуваат големата GOAT TOUR во чии рамки ќе посетат повеќе од 10 европски метрополи. Турнејата потпишана од Music week плaтформата стартува од Скопје по што ќе следуваат настапите во Штутгарт, Загреб и други градови, соопштија од организацијата на настанот.
Додаваат дека ова нема да биде само концерт, туку искуство за сите сетила, со моќна продукција, организација и спектакуларно осветлување со потписот на Скајмјузик продукција, и сцена која ќе го претвори Скопје во епицентар на балканската урбана музика.
Влезниците се пуштени во продажба преку мрежата на wayin.mk.
Б.Н.
Jala Brat и Buba Corelli на барање на македонската публика закажаа втор концерт во Скопје
1 Min Read

