Од понедлник 55 приватни автобуси ќе сообраќаат низ Скопје, до нова година уште 20 приватни, а во март со поддршка на Владата ќе се набават нови 80 автобуси, информираше градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
Тој најави подобрување на јавниот превоз, вклучувајќи враќање на приватните превозници во системот на градски транспорт.
-Како што ветив во предизборието, започнавме со активности за чистење на градот и решавање на клучните проблеми на граѓаните. Една од тие активности е повторното вклучување на приватните превозници во јавниот транспорт, истакна Ѓорѓиевски.
Бил постигнат договор и се потпишале лиценци за 55 приватни автобуси, кои ќе започнат со работа од понеделник.
-Дополнително до нова година од она што сум информиран од приватните автопревозници ќе бидат вклучени уште 20 автобуси најмалку. Што значи дека целосно ќе биде нормализиран градскиот транспорт за нашите сограѓани. Земаме во предвид дека и некаде околу март месец во координација со Владата очекуваме да пристигнат и 80 автобуси нови. Целосно ќе го нормализираме градскиот транспорт. Ова е почеток на решавање на сообраќајниот хаос и создавање алтернативи за граѓаните, кажа Ѓорѓиевски.
Градоначалникот најави дека дел од линиите ќе ги држат приватните превозници, дел ќе бидат комбинирани со ЈСП, но нема да се одземаат линии од ЈСП.
Ќе се направи ревизија на возниот ред и линиите, кои со децении не биле променети.
Деск

