Денеска се отвори Саемот на храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна”.
На едно место се собраа повеќе од 150 македонски производители кои со својот труд и посветеност ја чуваат македонската традиција и создаваат квалитетни производи.
-Кампањата „Македонско најдобро” веќе покажа резултати, имаме околу 270 регистрирани корисници на платформата.
Бројката е доказ дека заедно градиме силна домашна економија.
Кога избираме македонско, не избираме само квалитет, ја поддржуваме домашната економија и ги зачувуваме работните местата.
Македонскиот производ е синоним за квалитет, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Настанот се одржува во Градски Парк Скопје и е организиран од здружението „Наша традиција, наша иднина” со поддршка на МЗШВ.
Деск

