Две жени биле ограбени на улица, во засебни случаи во петокот во Скопје, извести Министерството за внатрешни работи. На едната и била одземена чантата со употреба на физичка сила, а пак на другата – личен накит, исто така со употреба на сила.
Едниот случај бил пријавен во петокот во 23:45 часот во СВР Скопје.
Б.Д.(27) од Скопје пријавила дека околу 22:00 часот на подрачјето на Општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со пари, документи и други лични предмети.
Вториот случај бил пријавен во петокот во 15:30 часот во СВР Скопје.
Џ.А.(72) од Скопје пријавила дека околу 14:25 часот на подрачјето на Центар едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит.
Во изминатиот период, во дневните полициски билтени се евидентирани повеќе слични случаи, кога жени биле ограбени среде улица, а најчесто им се крадел накитот – ланче, со сила одземено од вратот.
Од министерството додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Деск

