Со тешки телесни повреди се здобил 47-годишен маж, откако со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво на улица во Велес, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
Вчера во СВР Велес e пријавено дека околу 09:35 часот, на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, патничко возило „мерцедес“, управувано од А.П.(47) од Велес, излетало надвор од коловозот и удрило во дрво.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, соопштија од полицијата.
Деск

