Секторот за внатрешни работи Охрид се огласи со соопштение, во кое е наведено дека полицијата трага по возило бмв и лицата кои се превезувае во него.
Како што е истакнато во соопштението, вчера во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на угостителски објект лоциран на регионалниот пат Калишта – Струга, едно лице- сопатник во патничко возило „бмв“ го отворил прозорот и испукал еден проектил од пиштол во воздух, по што возилото продолжило кон Струга.
-Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата кои се превезувале во возилото и по целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од секторот.
Деск
Се трага по возило бмв и по лицата кои се превезувале во него, бидејќи преку прозорецот испукале проектил од пиштол
1 Min Read

