22-годишник од Неготино е лишен од слобода во Гевгелија, откако при контрола во возилото бмв х1, кое го управувал, биле пронајдени три лица – мигранти од Кина, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 19:00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода М.И.(22) од Неготино.
При контрола во патничко возило „бмв х1“ со луксембуршки национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се три лица мигранти од Кина, додека при дополнителни проверки констатирано е дека табличките припаѓаат на друго возило, известија од министерството.
Од таму додаваат дека мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против М.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

