Јавниот обвинител Љупчо Коцевски денес информираше дека обвинителството е подготвено за судењето за пожарот во клубот Пулс во Кочани, и тоа со проширен тим од 15 обвинители, со цел да не се дозволи одложување на рочиштата. Истакна дека доказниот материјал е обемен, но нагласи дека постапката ќе биде ефикасна и фер.
Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200, ќе започне на 19-ти ноември во судницата на КПУ Идризово.
Случајот опфаќа 38 обвинети, 35 физички и три правни лица. Судењето ќе се води со темпо од две рочишта неделно, а првичните термини се закажани за 19, 25 и 26 ноември.
Судот ќе преземел засилени безбедносни мерки, вклучително и присуство на лекарска екипа.
Се упати апел до медиумите и јавноста за достоинствено и одговорно известување, без сензационализам, со почит кон жртвите и сите страни во постапката.
Деск
Судењето за Пулс ќе има по две рочишта неделно: Ќе биде присутна лекарска екипа и засилено обезбедување
1 Min Read

