Гевгелија се подготвува за најголемиот спортски настан во општината, Јубилејното петто издание на трката November Run.
Станува збор за трка на која учествуваат професионалци и рекреативци, во организација на Атлетски клуб 7ми Ноември Гевгелија и Фондација Ице Бегов.
Во сабота, на 15-ти ноември, покрај детските трки, ќе се одржи и трката Run Together – Трчај заедно, поддржи заедно! На истата учествуваат деца, родители, спортисти, лица со попреченост и рекреативци. Станува збор за инклузивна, хуманитарна и ненатпреварувачка трка, на која сите се победници, со цел да се промовира заедништвото и инклузијата.
Во недела пак, се одржуваат трките на пет и на десет километри.
На настанот се пријавени над 1.200 учесници, а предвидени се и награди за најбрзите.
В.К.
Фото Атлетски клуб 7ми Ноември Гевгелија

