Денес и утре во Будимпешта, Унгарија, се одржува 5-та седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу Република Македонија и Унгарија.
Настанот претставува важен чекор во унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји и ќе се фокусира на проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со особен акцент на економијата, културата и туризмот, информираат од Министерството за култура, и додаваат дека на седницата ќе присуствува делегација од Министерството за култура и туризам на Македонија, предводена од државниот секретар Марија Станчевска-Ѓоргова.
-Во рамките на 5-та седница е предвидено потпишување на Протоколот од седницата, а ќе биде потпишана и Програма за соработка во областа на културата и уметноста меѓу македонското Министерство за култура и туризам и Министерството за култура и иновации на Унгарија.
Потпишувањето на Програмата за соработка во областа на културата и уметноста има цел да ја зацврсти и да ја унапреди соработката меѓу двете земји, преку поттикнување на културната размена и поддршка на креативните индустрии.
На седницата ќе присуствуваат и делегации од повеќе ресори на македонската Влада, што ќе придонесе за сеопфатен и конструктивен дијалог за натамошен развој на економските и општествените односи меѓу Македонија и Унгарија, соопштија од министерството.
Деск
Македонското и унгарското министерство за култура ќе потпишат Програма за соработка
1 Min Read

