Вчера во 13:43 часот во ОВР Кавадарци, М.П.(46) од Кавадарци пријавила дека во 11:30 часот во населба Брушани на Тиквешко Езеро, кавадаречко, додека извршувала службени задачи како рибочувар, била физички нападната Г.С. и неговата сопруга, кои употребиле и тврди предмети, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Инаку, ова не е прв случај, рибочуварката да пријави напад. И во минатото во неколку наврати во полицискиот билтен беа регистрирани пријави за физички напади врз рибочуварката, додека била на работно место.
Деск
Фото: Кирил Симеоновски

