Наталија Ѓоргиеска, сопруга на пејачот од групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески, кој го изгуби животот во Пулс во Кочани, денес се обрати пред присутните на маршот пред Собранието во Скопје. Стоејќи покрај родителите на загинатите деца и младинци, таа дека не станува збор за политички повик, туку за повик за вистина и правда.
-Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија, да се утврди вистината кој не реагирал, кој задоцнил. Никој не треба да состане со мислата дека некој можел да биде спасен.
Не бараме сочувство, бараме инстицинална фер постапка и гаранција дека ниедно семејство нема да се разбуди во таква ноќ, кажа Ѓоргиеска и побара пратениците да формираат независна комисија за испитување.
На денешниот марш во Скопје, на родителите од Кочани им се приклучија илјадници граѓани, пренесувајќи ја пораката дека бараат судење без прикривање и притисоци, и да биде обезбедена правична постапка, во која секој кој придонел за трагедијата, ќе сноси целосна одговорност.
Деск
Сопругата на Андреј од ДНК побара пратениците да формираат независна комисија за испитување
1 Min Read
Previous ArticleОбвинителен предлог против неготинец поради навреди кон Ромите

