Две девојки се здобиле со повреди, од кои едната со тешки, откако вчера на улица во Битола во нив удрило патничко возило, управувано од 66-годишник, информира полицијата.
-Вчера во 22:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на бул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(66) од Битола, удрило во 23-годишната П.Р. и 23-годишната М.М., двете од Битола.
Притоа, П.Р. се здобила со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобила М.М., констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, соопштија од МВР.
Деск

