Денес е последниот, трет ден од одржувањето на општинската манифестација Самун ем татлија во Радовиш. На 11-то издание на настанот настапија голем број на музички имиња од земјава и регионот, помеѓу кои Бресквица, Тања Савиќ, Огнен Здравковски, 2Бона, Ескејп Бенд и други.
Вечерва настапуваат Наум Петрески и Зуица Лазова, Андријана Петрушовска, Екстра Бенд и Вукица и други.
Манифестацијата ги промовира традиционалните радовишки специјалитети, самунот и татлијата, и вчера беше пресечена голема пита од 6,80 метри.
Сцената е поставена на паркингот Орел, и секоја година настанот привлекува голем број на посетители од сите краеви.
Деск

