Трејлерот за филмот „Мајкл“ ги сруши сите рекорди на гледаност, собрајќи неверојатни 116,2 милиони прегледи за само 24 часа од неговото глобално лансирање.
Со ова, тој стана најгледаниот трејлер во историјата на студиото „Лајонсгејт“, но и најуспешниот трејлер за музичко-биографски или концертен филм досега, според податоците од WaveMetrix.
Трејлерот беше премиерно прикажан утрото на објавувањето на заработката на „Лајонсгејт“, а веќе во првите шест часа собра повеќе од 30 милиони прегледи низ целиот свет.
Ова претставува зголемување од дури 50 проценти во споредба со бројките постигнати во истиот период со трејлерот за акциониот хит „Џон Вик: Поглавје 4“.
Биографскиот филм, во режија на Антоан Фуква, пристигнува во кината на 24 април 2026 година. Улогата на познатиот крал на попот му беше доверена на неговиот внук, Џафар Џексон.
Б.Н.

