Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој изминативе денови не беше застапен во јавноста, откри дека му била извршена хируршка операција. Како што истакнува, му следел период на опоравување, по што се враќал на работните активности.
-Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување.
Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните.
Веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќам на редовно извршување на моите обврски во полн капацитет, соопшти министерот.
Деск
Next Article Од утре започнува откупот на тутун

