Со големо полициски присуство, денес се очекува да започне судењето за пожарот во таканаречениот кочански клуб Пулс. Судењето ќе се одвива во судницата во КПУ Идризово, каде се присутни родители и роднини на загинатите младинци.
Ова е почеток на најголемиот судски процес во земјава, во кој се обвинети 35 лица и три правни субјекти, а на обвинителна клупа ќе седнат поранешни министри, градоначалници, инспектори и други службени лица обвинети за Тешки дела против општата сигурност.
За делото максималната предвидена затворска казна е до 20 години.
Во Пулс животот го изгубија 63 младинци и деца, а над 200 беа повредени.
В.К.

