Македонско радио – Радио Скопје ја испрати Корнелија Буклеска во пензија. Уредничката на Редакцијата за култура и уметност во МРА-Радио Скопје, која поминала 37 години во радиото е сестра на поп дивата Калиопи (58).

-Во животот се добива само тоа што ќе се побара со храброст. Без храброст нема приказна, а Корнелија Буклеска, Уредничката на Редакцијата за култура и уметност во МРА-Радио Скопје има своја приказна по 37 години поминати во радиото.
Taa e и останува храбра жена и понатаму.
Денеска слави 64-ти роденден и заминува во заслужена пензија., порачаа од радиото.
Калиопи пак, и честиташе роденден и и посака среќно пензионирање на Корнелија, со зборовите дека кога била мала, сакала да биде како неа.
Б.Н.

