Денеска полициски службеници од ОВР Кавадарци, спроведоа превентивна активност под мотото „Внимавај, телефонски измами“.
Оваа превентивна активност беше реализирана со цел да се информираат и едуцираат граѓаните за опасностите од телефонските измами, како истите да ги препознаат и да не дозволат да бидат жртви на овој вид измами.
-Целта на овој вид превентивни активности е да се подигне свеста за заштита од овој вид на кривични дела и да им се укаже на граѓаните секој сомнителен случај да го пријават во полиција.
Во рамки на активноста беше поделен печатен едукативен материјал, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Инаку, изминатите неколку години во цела земја се актуелни телефонските измами, а најчести жртви се повозрасните граѓани. Евидентирани се случаи кога измамници успеале да ги оштетат граѓаните и за десеттина илјади евра, под изговор дека нивно блиско лице доживело сообраќајна незгода и треба да платат за да не оди во затвор.
Иако МВР редовно апелира за измамите, сепак, голем број на граѓани се уште ,,наседнуваат” на измамничките приказни и остануваат без својата заштеда.
Деск
Кавадаречките полициски службеници ги едуцираа повозрасните граѓани како да се заштитат од телефонски измами
1 Min Read

