Во тек се претреси, а неколку лица се приведени, во врска со предметот за кочанското кабаре Пулс. Лицата се товареле за кривични дела примање и давање мито и злоупотреба на службената положба и овластувања.
Неофицијално, уапсени се лица вработени во УЈП Штип и УЈП Струмица.
Според државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, станува збор за предистражна постапка која се води во врска со предмет во Основното јавно обвинителство Кочани. Други детали засега не се откриваат.
Деск

