Мексиканката Фатима Бош (25) победи на меѓународниот избор за убавина, Мис Универзум, што се одржа во салата „Импакт Челенџер“ во Бангкок, Тајланд.
Таа ја освои круната во конкуренција од 130 натпреварувачки на 74-то издание на настанот, чија тема годинава беше „Моќта на љубовта“.
Претходно, таа се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако беше навредена од страна на извршниот директор на изборот, по што останатите натпреварувачки и дадоа поддршка и сите заедно ја напуштија салата каде се случи инцидентот.
Б.Н.

