Жена заработи кривична пријава, бидејќи наместо предвидениот кров, за кој имала одобрение, изградила кат и покровје во станбена зграда. За настанот извести Секторот за внатрешни работи Охрид.
-ОВР Кичево поднесена кривична пријава против Р.О.(57) од кичевското село Длапкин Дол и едно правно лице со седиште во истото село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Првопријавената, во својство на управител на правното лице и инвеститор, во населбата „Касарна Блок 1“ во Кичево, при градба на станбена зграда, постапила спротивно на одобрението за градење, издадено од општина Кичево и над петтиот кат, наместо кров предвиден во проектот, неовластено изградила уште еден кат и поткровје, истакнаа од секоторт.
Деск

