Вчера во посета на Неготино беше амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер. Тој остварил средба со новоизбраната градоначалничка Марија Нацева, а денес од амбасадата објавија дека вчерашниот ден потврдил дека иднината на Неготино и на Северна Македонија може да се напише и на француски јазик.
-На 20-ти ноември, за време на посетата на Неготино, амбасадорот лично ја поздрави г-ца Марија Нацева, првата жена избрана за градоначалник на Неготино.
Состанокот беше можност да се поразговара за нејзината визија за развој на општината и за зајакнување на нашето стратешко партнерство, особено нејзината драгоцена поддршка за Франкофонијата на локално ниво.
Во центарот на вниманието беше образовната извонредност која се негува во Гимназијата „Свети Кирил и Методиј“, историска колевка на билингвалните паралелки во Северна Македонија.
Програмата вклучуваше:
– Официјално доделување на обновениот бренд за квалитет LabelFrancÉducation и дипломи DELF/DALF,
– Работен состанок со координаторите на билингвалните франкофонски паралелки за идните размени во рамки на Еразмус+ и континуираната едукација.
Ден што потврдува дека иднината на Неготино и на Северна Македонија може да се напише и на француски јазик, обајвено е на официјалната страница на Француската амбасада.
Градоначалничката Нацева пак, вчера по посетата објави дека во делот на развојот на индустриските зони и можноста за инвестирање, амбасадорот Ле Риголер најавил потенцијален интерес за инвестирање во општината од инвеститори од Република Франција.
В.К.
Иднината на Неготино и на Северна Македонија може да се напише и на француски јазик, објави Француската амбасада, по посетата на Ле Риголер во градот
2 Mins Read

