Вчера во 09:00 часот, во ОВР Кавадарци, 51-годишен жител од село во кавадаречко, сопственик на правно лице од Кавадарци, пријавил дека бил измамен за сума од 80.000 денари, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
Според пријавеното, преку европска платформа за транспорт, преку која договарале за да транспортираат стока, преку хакиран е-мајл добиле информација стоката која ја товариле во Германија, да ја истоварат на друга локација, различна од претходно договореното, каде и ја предале, односно не стигнала кај побарувачот и противправно била присвоена.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Деск
Фото: Илустрација

