Кученцето кое младите во Кавадарци го викаа Ќиро, и го знаеше цел град, бидејќи редовно седеше со децата на клупите во центарот, синоќа е пронајдено мртво, со рана на телото.
Како што објави Здружението за заштита на животните Шепи 2021, претпоставката е дека некој пукал во него со пушка.
-Шарко го викавме ние, а децата го викаа Ќиро! Им беше чест придружник во ноќните излегувања и седенки по клупи, оти пустиот многу сакаше да се гали!
Синоќа добивме порака дека е пронајден мртов позади “Пошта Кавадарци”, а само до пред три часа трчкаше весело низ улица “Илинденска”.
Кому ли му сметаше Шарко, едно од најмирните кучиња во градот, за да биде убиен на свиреп начин?!
Не знаеме точна причина, но претпоставуваме дека е пукан со пушка!
После пријавата, полицијата излезе на лице место, направен е записник, известено е обвинителство и ќе чекаме резултати од обдукција, соопштија од здружението.
Од Секторот за внатрешни работи Велес пак, потврдија дека во полиција е пријавено дека е пронајдено куче со повреди на телото.
Информираат дека бил известен јавен обвинител и ветеринарен инспектор, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Телото на кучето било однесено во стационар за вршење на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Од здруженијата за заштита на животните во земјава, редовно апелираат до јавноста, секој случај на починато животно да биде пријавен во полиција, за доколку постои сомнеж дека смртта е насилна, му биде извршена обдукција, со цел откривање и санкционирање на сторителите.
В.К.
Ќиро, кученцето миленик на младите во Кавадарци, пронајдено мртво, се претпоставува дека некој пукал во него во центарот на градот
2 Mins Read
Previous ArticleСлика на Винсент ван Гог продадена за 54 милиони евра!
Next Article 34-годишна жена со секира го нападнала сопругот

