Околу полноќ во Кавадарци се случила физичка пресметка помеѓу маж од Росоман и момчиња од Кавадарци, а настанот бил пријавен во кавадаречката полиција.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Велес, при физичката пресметка, било оштетено возилото од марката Ауди, кое било во сопственост на лицето од Росоман.
-Денес во 00:02 часот, во ОВР Кавадарци, било пријавено дека на улица „Видое Смилевски Бато“, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.П.(37) од Росоман, од една страна и М.Д.(20) од Кавадарци и други лица од друга страна.
При тоа, според пријавеното, од страна на М.Д. било оштетено и патничко возилото „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на С.П., соопштија од полицијата, од каде додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Деск
Тепачка помеѓу маж од Росоман и момчиња од Кавадарци, при настанот оштетено возилото на росоманецот
1 Min Read
Previous Article34-годишна жена со секира го нападнала сопругот

