По настанот со приведувањето на српскиот турбо фолк пејач Аца Лукас во Кавадарци, денес со демант се огласија и од Рома Кафе, локалот каде настапуваше музичарот.
Во демантот, сопственикот на локалот тврди дека тој лично сметал како не е сторено ниту едно прекршочно дело, кое било наведено во медиумите (медиумите објавија официјално соопштение од Министерството за внатрешни работи) и во изјавите на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Понатаму, тој вели дека настапот бил со цел промоција на крипто валута на Аца Лукас, дека во локалот имало 400 гости, а по приведувањето на пејачот во 00.10 часот, се продолжило со работа до еден часот по полноќ. Лукас пак, во видео обраќање кажа дека бил приведен пред околу 2.000 луѓе.
Наспроти овие тврдења на сопственикот на локалот, од МВР вчера изјавија дека Лукас бил парично казнет бидејќи настапот бил без дозвола, а во локалот биле констатирани прекршоци за неиздавање на фискална сметка, пушење, и имало поголем број на гости од дозволеното.
Во прилог, демантот на сопственикот на Рома Кафе


