Судот ги одби жалбите на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани, со што потврди дека осомничените нема да одат во ефективен затворски притвор, туку остануваат во домашен притвор.
Станува збор за даночните инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), кои се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба преку примање поткуп и давање дојави на газдите на Пулс за претстојни контроли, со што овозможиле избегнување на законските обврски и даночно затајување.
-Советот ги одби изјавените жалби на ОЈО Кочани против решенијата на Судија на претходна постапка со кои спрема двајца осомничени им беше определена мерка за обезбедување присуство – Куќен притвор, и донесените решенија на Судијата на претходна постапка ги потврди, соопштија од Судот.
Деск
Осомничените за примање поткуп и давање дојави на газдите на Пулс не одат во затворски притвор, туку остануваат во своите домови под надзор!
1 Min Read

