Денес на 66-годишна возраст почина Љиљана Јорговановиќ, познат регионален текстописец која имаше соработка со голем број на музички ѕвезди.
Зад себе остави десетици хитови, како на пример ,,Ноќ ми те дугује” на Здравко Чолиќ, ,,Славија” на Џеј, ,,Тридесете” на Северина, ,,Оловни војник” на Жељко Јоксимовиќ, ,,Забрањени град” на Цеца и многу други.
Покрај соработката со естрадните имиња, таа беше и новинар, која започнала првин со работа во ,,Студент”, а потоа се посветила на пишување колумни.
Во Србија важеше за голема пријателка и соработник на Марина Туцковиќ, со која заедно напишале текстови за четири музички албуми за само еден месец.
Б.Н.

