Денес во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во таканареченото кабаре Пулс во Кочани, во кој загинаа 63 младинци и деца, а над 200 лица беа повредени.
Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по име и презиме за најголемата трагедија во поновата историја на земјата.
За трагедијата во која на 16-ти март која изгореа 63 млади луѓе и деца, а над 200 беа повредени, обвинети се: газдата на „Пулс“ Дејан Јованов-Деко, Митко Стојанов, синот на Деко Михаил Јованов, Гроздан Милчковски, Милка Едровска, Тодор Јованов, Огњан Георгиев, Љупчо Стаменков, Николчо Коцев, Ратко Димитровски, Николчо Илиев, Љупчо Папазов, Јане Јанчески, Лазар Захариев, Ивица Грозданов, Стојанчо Димитријев, Шабан Салиу, Мартин Георгиев, Аднан Џафероски, Беким Максути, Џевад Селами, Љупчо Грнчиштанов, Ваљон Сарачини, Крешник Бектеши, Џеваир Камбери, Шевкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Хасапи, Миле Ампов, Блашка Ефтимова, Весна Кизмановска, Емил Митев, Размена Чекиќ-Дуровиќ и газдата на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ Александар Нацев.
Обвинетите три фирми се: „МММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани, „Рубикон секјурити“ и „Венци проект“ Кочани.
Деск

