Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, кој и стана препознатлив на македонската јавност преку неговата изведба на македонски песни, ќе го одржи првиот концерт со македонски народни песни во неговата родна префектура Тотори.
Тој ја објави веста на социјалните мрежи и порача дека е исполнет со гордост и среќа.
Инаку, Тотори е префектура која се наоѓа во западна Јапонија, и е најпозната по плажата со песочни дини која е главна туристичка атракција во земјата.
Казухиро пак, годинава во јуни одржа концерт во Скопје, во Македонската Филхармонија, а истиот беше насловен ,, „Јапонско срце бие во македонски ритам“.
Тогаш изведе многу македонски народни песни, помеѓу кои „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“ и други.
На манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста” беше прогласен за Амбасадор на македонската култура за 2024 година.
Б.Н.
Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу ќе одржи концерт со македонски народни песни во Јапонија!
1 Min Read

