Вчера во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал, соопшти Секторот за внатрешни работи Охрид.
Од таму посочуваат дека по наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен бил јавен обвинител и се преземале мерки за расчистување на случајот.
Инаку, како што дознава ВИКИМЕДИА, се работи за истото лице кое пред девет дена, односно на 16-ти ноември, беше лишено од слобода. Приведувањето следело по претходна пријава дека истиот ден, околу 16:30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струга со употреба на физичка сила ѝ го одзел личниот накит на Е.Ш.(21) од село Делогожда, струшко.
В.К.
33-годишникот кој денес почина во затвор беше притворен пред девет дена поради кражба на накит од девојка!
1 Min Read

