Жена на возраст од 50 години била измамена од лице кое се нафатило да и го среди дворот, изведувајќи градежни работи, и зело 200.000 денари, па исчезнало, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 11:40 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско пријави дека од страна на В.„Н“ била измамена за сума од 200.000 денари.
Имено, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но откако ги земал парите не и одговарал на повиците.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакнаа од полицијата.
Деск

