Фалсификувани банкноти се појавија на популарен пазар за употребувана роба во Комарно, јужна Словачка, а полициските истраги ги доведоа до мајка и нејзините две возрасни деца. Она што е особено бизарно е начинот на кој биле набавени фалсификуваните евра – биле нарачани преку апликацијата Тему од Кина, објави Новини.ск.
-Инцидентот се случи во недела, во непосредна близина на градската полиција. Седумдесетгодишната продавничка била шокирана кога се вратила дома и открила дека еден клиент ѝ платил за нејзините производи со фалсификувани евра.
Властите наскоро ги идентификуваа 49-годишната Марија, нејзината 22-годишна ќерка Ержебет и 19-годишниот син Марио, кои преку мобилна апликација нарачале 400 фалсификувани банкноти од 20 и 100 евра.
Банкнотите биле со иста големина како оригиналите, дури и намерно оштетени и “истрошени” за да изгледаат автентично, пренесува Новини.
-Иако банкнотите имаа отпечатен натпис “КОПИЈА”, Марија и нејзините деца успеаја да ги користат на пазари, во продавници и за плаќање на такси! Полицијата заплени 16 банкноти, вклучително и некои што биле во оптек. Според 49-годишната Марија, останатите биле изгорени. Портпаролот на тамошната полиција изјави дека е покрената истрага за употреба на фалсификувани пари, а законот предвидува затворска казна од две до осум години, објави Новини.ск.
Деск

