Вчера на Граничен премин Стар Дојран лишени од слобода се три лица поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик – „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и експлозивни материи”, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од таму, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и полициски службеници од Фронтекс, во три одделни случаи при извршена гранична контрола за влез во РСМ, кај три лица грчки државјани пронајдени и одземени се околу 200 патрони непријавена ловна муниција.
-Во првиот случај околу 10:20 часот, при контрола во патничко моторно возило „дајхатсу териос“ со грчки национални ознаки управуванo од Х.С.(38), пронајдени се над 130 патрони (ловечка муниција) кои биле сокриени на повеќе места во возилото.
Исто така, околу 11:20 часот во патничко моторно возило “хонда” со грчки национални ознаки управуванo од K.K.(76) пронајдени се 24 патрони (ловечка муниција).
Во последниот случај околу 16:30 часот во патничко моторно возило “сузуки витара” управуванo од Т.P(62), пронајдени се над 40 патрони (ловечка муниција), известија од МВР.
Деск
ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ТРОЈЦА ГРЦИ, ПРИ ОБИД ИЛЕГАЛНО ДА ВНЕСАТ ЛОВЕЧКА МУНИЦИЈА ВО ЗЕМЈАВА!
1 Min Read

