Обезбедување на нови, бесплатни униформи за сите ученици во основно образование, најави велешкиот градоначалник Марко Колев.
Како што истакнува, со предвидување на средства во буџетот на училиштата за наредната година ќе се потруделе учебната 2026/27 година да започне со бесплатни нови униформи за сите ученици од основните училишта.
-Со оваа мерка освен што ќе придонесеме за намалување на финансиските трошоци за семејствата и создавање на еднакви услови за образование, дополнително ќе влијаеме и на намалување на врсничката поделба и насилство по овој основ.
Младите се нашата иднина, инвестирањето во нив е инвестиција во подобро утре за сите нас, порача Колев.
Деск

