16-годишна затврска казна доби Илија Панов (43) од Кавадарци, на кого му се судеше за убиството на неговата партнерка Сузана Серенакова Сурун (52), која во јануари годинава ја убил со задушување во нејзиниот дом.
Одбраната на Панов најави жалба на изречената пресуда.
Убиената жена, за која кавадарчани раскажуваа дека имала тежок живот, од социјален аспект, беше пронајдена почината во својот дом, зад вратата на спалната соба, од страна на ќерка и, на 22-ри јануари годинава.
Според обвинителството, Панов при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци.
Обдукцијата покажала дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување.
В.К.

