Уште една успешна приказна деновиве доаѓа од Тиквешијата, односно од Кавадарци, регионот на виното и ракијата, каде две жени додаваат нов вкус – кашкавал и сирење, кои ги произведуваат во нивната млекара Млечен пат.
За патот до успехот на Викторија Манева Кузманова и Марина Манева Јовановска, објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во блог секцијата ,,Македонско најдобро”, каде се опишани почетоците на првата млекара во регионот, која започнала со работа во 2019 година.
Откако започнале со работа, двете жени првин наишле на препрека кога започна Ковид пандемијата, но не се откажале. Добиле поддршка од Развојна банка на Северна Македонија, а ги следеле и сите останати јавни повици за поддршка кои што можеле да ги искористат.
За блог секцијата ,,Македонско најдобро” велат дека купувачите веќе ги препознаваат, и нивниот број постојано растел.
Додаваат дека производството на нивниот кашкавал и сирење е чисто и традиционално, а во иднина планирале да започнат со производство на уште неколку тврди млечни производи.
На младите им порачаа да се обидат да основаат сопствен бизнис, а пак на потрошувачите да купуваат квалитетни домашни производи.
В.К.
УСПЕШНА ПРИКАЗНА ОД ТИКВЕШИЈАТА: ВО РЕГИОНОТ НА ВИНОТО, ДВЕ ЖЕНИ ДОДАВААТ НОВ ВКУС!
1 Min Read
Previous ArticleСИТЕ ОБВИНЕТИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС СЕ ЧУВСТВУВАЛЕ НЕВИНИ!

