Срцата на публиката ги освои со оживување на југословенските хитови, а со само една авторска песна полни арени. Неговото име е Јаков Јозиновиќ, млад вокален феномен што ги освојува срцата низ регионот, а за првпат доаѓа во Скопје на 9-ти април 2026 година.
Младиот пејач чиј глас ја разнежнува публиката низ целиот регион, бргу се наметна како едно од највпечатливите музички имиња на новата генерација. Со исклучителна емоција и уникатен пристап, тој успеа повторно да им даде живот на југословенските музички бисери, враќајќи ги на сцената на начин кој публиката веднаш го препозна и го засака. 
Првпат пошироката јавност го запозна во шоуто „Суперталент“, каде како многу млад настапи со легендарната Bohemian Rhapsody. Со тој настап блесна пред жирито и ја најави својата блестава кариера. Набргу потоа, неговите видеа започнаа да стануваат вирални на TikTok, а интересот за неговите настапи постојано растеше – секогаш се бараше билет повеќе.
Потекнува од Винковци, Хрватска, а на само дваесет години може да се пофали со распродаден концерт во Белград за само еден час – подвиг што ретко кому му поаѓа од рака.
Особено внимание предизвика со своите интерпретации на безвременските песни на Оливер Драгојевиќ, меѓу кои Cesarica, Olivera и многу други класици што ги изведува со искрена посветеност.
Македонската публика ќе има можност да се дружи со Јаков Јозиновиќ на неговиот прв настап во Скопје. Големиот концерт е закажан за 9-ти април 2026 година во спортската сала „Јане Сандански“. Билетите се пуштени во продажба, преку платформата mktickets.mk.
Марија Клинчарова
МОМЧЕТО КОЕ СО САМО ЕДНА АВТОРСКА ПЕСНА ПОЛНИ АРЕНИ, ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: КОЈ Е ЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ?
2 Mins Read
Next Article КАЗНЕТИ ДЕСЕТ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ ВО ЗЕМЈАВА!

