Голема трагедија се случила вчера во пладневните часови, кога безживотното тело на 19-годишно момче било пронајдено во неговиот семеен дом.
Со обдукција ќе се утврдува причината за смртта, а за настанот извести Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 15:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот во с.Огњанци, скопско, е пронајден починат Р.О.(19).
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопштија од полицијата.
Деск

