Поради обилни врнежи, особено во опфатот на извориштето Лукар дојдено е до заматување на водата за пиење. Препорачуваме да се преврива пред употреба, соопштија вчера од ЈП Комуналец Неготино.
Покрај тоа, известуваат дека поради дефект на потисниот цевковод во прекин е водоснабдувањето на Тремник и се работело на санирање на дефектот.
И од ЈП Комуналец Кавадарци вчера соопштија дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање потребно е да се преврива.
Состојбата се следела во корелација со Центарот за јавно здравје Кавадарци и јавноста ќе била информирана кога ќе нормализирала состојбата.
Деск

