Жена на возарст од 45 години со неверојатни 2,63 промили алокохол во крвта била ,,фатена” зад волан, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Настанот се случи вчера, во 20:01 часот на ул.„ВМРО“ во Кочани.
-Полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода Н.М.(45) од с.Горни Подлог, кочанско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица, известија од полицијата.
Деск

