Популарниот филмски серијал ,,Жикина династија” со својот нов филм ,,Враќање на Жикина динстија” кој беше снимен по долгогодишна пауза, ја освои македонската публика.
Како што објавија од продукцијата на филмот, во Македонија се случило ,,лудило” за време на премиерата, и биле распродадени пет кино сали.

Од таму и се заблагодарија на македонската публика за огромниот интерес, и порачаа дека прикажувањето на филмот продолжува во кино салите ширум Србија и регионот.
Главната улога во филмот ја игра Никола Којо, како Миша, внукот на Жика и Милан.
Според сценариото, во Србија доаѓаат неговите синови кои живеат во Москва со мајка им Наташа, а ги носат имињата на своите прадедовци – Жика и Милан.
Од старите ликови се појавуваат Весна Чипчиќ како Фрау Елза, Владимир Петровиќ како Боба, а како дебитант во филмот се појави и манекенката Даниела Димитровска, поранешната сопруга на водителот Огнен Амиџиќ, која по потекло е од Македонија.
Како што раскажуваат за српските медиуми, продуцентите Огнен Ракичевиќ и Милан Тодоровиќ, плачеле од смеење за време на снимањето и имале одлична актерска екипа.
Деск

