Во пожар кој денес околу 9.00 часот избувна во централното подрачје во Неготино изгоре братска куќа, за ВИКИМЕДИА потврдија од Територијалната противпожарна единица.
Известуваат дека на местото интервенирале десеттина пожарникари со три противпожарни возила и била спречена голема катастрофа. Пожарот бил навремено изгаснат, и не се дозволило да се прошири на околните објекти.
Во немилиот настан кој го вознемири градот, за среќа нема повредени лица.
В.К.

