Вчера во ОВР Кавадарци е пријавено дека во 17:45 часот, на магистралниот пат Прилеп-Градско во близина на Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.С.(32) од село Манастирец, Општина Росоман и трактор „имт“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка, управуван од А.Ѓ.(47) од Росоман, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.С., а со телесни повреди се здобил А.Ѓ. констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Во периодот од 19:00 до 20:25 часот, сообраќајот на делницата од магистралниот пат Прилеп-Градско беше во прекин и беше пренасочен по локален пат за село Манастирец, Општина Росоман.
Деск
Фото: Илустрација

